Чиа пудинг со киви, јаткасти плодови и семе
Состојки :
-
2 супени лажици био чиа семе
-
120 мл овесено млеко
-
1 киви
-
4-5 кругови банана
-
2 супени лажици органска гранола со јадкасти плодови
-
3 капини
Начин на подготовка
Додајте 2 супени лажици био чиа во ниска стаклена чаша или тегличка и ставете го овесеното млеко. Помешајте добро, оставете неколку минути и потоа повторно промешајте, сè додека био семето чиа целосно не се распореди во течноста. Ставете го во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ (ако сакате да добиете погуст десерт).
Откако чиа пудингот ќе се згусне доволно, надополнете ја чашата со: киви, био гранола со јадкасти плодови и банана, уште еден слој гранола, киви и неколку капини. Тоа е сè. : )